Костадинов: Придобивките од членството во Европската унија се огромни за сите граѓани
На референдумот на 30 септември да кажеме „да“ за светла иднина, за членство во ЕУ и НАТО со зачуван и зајакнат македонски идентитет, повика од денешната прес-конференција од Струмица пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.
- Со македонско-грчкиот договор пред нас се отвора патот за поноправно членство во ЕУ и НАТО, со признаен македонски идентитет. Членството во ЕУ носи подобар животен стандард, повеќе пари, поголеми фондови, инвестиции, вработувања, екононски раст и развој. Да се биде дел од ЕУ значи повеќе можности и зголемување на вработувањата во Македонија, за отворање на нови и подобро платени работни места, истакна Костадинов.
Го посочи примерот на соседна Бугарија, каде невработеноста паднала за 6,2 отсто во 2017 година. Додаде дека такви примери има многу за земјите кои што станале членки на Унијата.
- Преку програмата за младинска вработеност на Европскиот социјален фонд, во периодот од 2007 до 2013 биле вработени над десет милиони Европејци. Да се биде дел од заедничкиот ЕУ пазар, значи отворени граници за македонските производи и пристап до 500 милиони потрошувачи. Зголемениот извоз значи подобар пласман на земјоделските производи и повеќе пари за секој земјоделец. Со отворање кон ЕУ пазарот, хрватскиот извоз на пример се зголемил од девет милијарди на 14 милијарди евра, потенцираше Костадинов.
Тој уште еднаш потенцираше дека придобивките од членството во Европската унија се огромни за сите наши граѓани и затоа рече дека не смееме да ја пропуштиме оваа историска можност за напредок, за обезбедување на нашата иднина, за нови работни места, подобар животен стандард и повисоки плати.
Ново на Сител
-
Кривична против 17-годишник од Скопје, во продажен објект со остар предмет одзел пари од вработените
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува
-
Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово
-
Ангелов: Досега пријавени околу 400 лица за превенција од пожари, рокот продолжен за уште пет дена