Костадинов: Мицкоски е опкружен со советници-насилници
Скандалозно, советникот на Мицкоски, поранешниот дипломат Томислав Димитровски, репетирал автоматска пушка и ја вперил кон соседите.
Насилничката матрица е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ.
Христијан Мицкоски е опкружен со советници-насилници, остатоци на груевизмот, блиски до неговиот шеф Никола Груевски.
Насилничко однесување на советникот на Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ нуди само насилство и тензии кон сопствените граѓани.
Димитровски беше амбасадор поставен од Никола Груевски, денеска е советник и дел од кабинетот на Христијан Мицкоски.
Недозволиво е било кој да им се заканува со огнено оружје на граѓаните, а најмалку човек кој е дел од кабинет на шеф на политичка партија.
Ако Мицкоски мисли дека со насилници, со закани и насилство ќе ги исплаши граѓаните и на тој начин ќе го ублажи поразот на изборите, страшно се лаже.
Времето на уцени и закани кон граѓаните заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Мицкоски нема да го врати ниту режимот, ниту заробената држава.
На 12 април тој и неговите советници насилници ќе доживеат нов убедлив пораз од граѓаните.
Ново на Сител
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата