Костадинов: И Макрон потврди дека сите членки биле за да започнеме преговори, само Мицкоски се радува на грешката на ЕУ
Колку што се срамни и антидржавни изјавите на Мицкоски толку е голем шамарот од Макрон токму за Мицкоски.
Во интервју за Економист, Макрон потврдува дека „сите во ЕУ биле за преговори“ со Македонија.
Целиот западен демократски свет порача дека Северна Македонија сторила се, а одлагањето на датумот било историска грешка.
Дури и Емануел Макрон вчера во интервју порача дека сите земји членки биле сложни да ги започнеме преговорите со ЕУ.
Само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ останаа да се радуваат на историската грешка на ЕУ.
Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски останаа да работат против ЕУ и НАТО, следејќи ги инструкциите на Груевски од Будимпешта.
Тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, анти ЕУ и анти НАТО дејствување, обнова на режим и враќање назад во изолација.
Со таква понуда можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12ти април. Граѓаните уште еднаш ќе поразат нивниот деструктивно однесување и на 12ти април ќе потврдат дека државата е на прав пат.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори