Косовските здравствени работници ќе ги тужат политичарите ако се зголеми бројот на заболени од Ковид-19
Сојузот на здравствените синдикати на Косово (СЗСК) најави дека ќе покрене обвиненија против политичарите, доколку поради партиските собири за вонредните парламентарни избори на 14 февруари, на кои не се почитуваат мерките за спречување на ширењето на епидемијата на Ковид-19, се забележи пораст на бројот на заболени, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во денешното соопштение косовските здравствени работници порача дека „патриотизам, домољубие и грижа за земјата покажуваат сите оние кои ги почитуваат мерките, носат заштитни маски и ја почитуваат социјалната дистанца, а тоа не може да се види кај ниедна политичка партија, без исклучок“.
– СЗСК со вознемиреност ги следи изборните партиски собири на кои не се почитуваат мерките определени со Законот за превенција и борба против Ковид-19 на територијата на Република Косово, како и препораките на Инситутот за јавно здравство на Косово (ИКШПК), со што во голема мерка го загрозуваат здравјето на населението воопшто и на здравствените работници посебно, се вели во соопштението на СЗСК.
Косовските здравствени синдикалци ги предупредуваат „сите политички партии“ дека „одговорноста во случај да се зголеми бројот на заразени од Ковид-19 паѓа на нив“ и поради тоа најавуваат преземање на „сите законски дејствија, до покренувње обвиненија за загрозување на здравјето на населението воопшто, и на здравствените работници посебно“.
Според последните официјални податоци на ИКШПК, објавени попладнево, досега во Косово, од појавата на првите случаи во март минатата година, се регистрирани 62.782 заболени од Ковид-19. Од нив, вклучително двата смртни случаи во минатото деноноќие, починале 1.528 заразени, додека активни носители на коронавирусот се 6.814 лица. Вкупната бројка на лица кои ја совладале болеста изнесува 54.440, од кои 209 се регистрирани последните 24 часа.
Ново на Сител
-
ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње
-
Земјотрес со јачина од четири степени ја погоди Албанија
-
Куба се приклучи на БРИКС како земја партнер
-
Министерот Ристовски се сретна со претседателот на Светската атлетска асоцијација Себастијан Коу
-
Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица
-
Урсула фон дер Лајен во Белград: Партнерството меѓу Србија и ЕУ станува се посилно
-
Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС
-
Во Пехчево секој понеделник ќе работи канцеларија за издавање лични документи на граѓаните