Косовскиот претседател ја повика ЕУ да и даде појасна перспектива на Приштина

Претседателот на Косово Хашим Тачи ја повика Европската унија да и даде појасна перспектива на Приштина и да ја третира рамноправно со останатите на патот кон членство во ЕУ.
Тачи рече дека Косово останува посветено на евроинтеграцијата и со „соодветната волја ќе ги зајакне своите чекори кон интеграцијата во ЕУ“.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини го повика Косово да продолжи со реформите и преговорите со Србија, „вклучително и за постигнување на правно обврзувачки договор“.
Тачи го повика Брисел да го укине визниот режим за косовските граѓани, откако минатиот месец Парламентот во Приштина го одобри договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што беше предуслов на Брисел за безвизно патување на Косоварите во Шенген. Косово е единствената земја од Југоисточна Европа, на чии граѓани се уште им требаат визи за патување во Шенген зоната.
Ново на Сител
-

Синдикатот на Клинички не се согласува со најавите на министерот за прераспределба на медицински персонал
-

Бесплатни wi-fi зони на Филолошкиот факултет, Универзитетот „Мајка Тереза“ доби нов чет бот
-

Годинава во Македонија регистрирани се 38 нови случаи со ХИВ/СИДА
-

Поради градежни активности Гостивар остана без вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
