Косовскиот парламент утре ќе одржи вонредна седница за избор на нова влада
Вонредна седница за избор на нова влада на Косово ќе се одржи утре по барање на 45 пратеници, одлучи денеска попладне претседателството на косовскиот Парламент.
Претседателот на Собранието, Кадри Весели изјави дека „на Косово му претстојат големи задачи на кои мора забрзано да работи“.
Мандатар за состав на новата косовска влада е Рамуш Харадинај предложен од коалицијата ПАН (Демократска партија на Косово, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово) и Алијанса ново Косово на Бехџет Пацоли.
Харадинај истакна дека очекува поддршка и од редовите на малцинските заедници. Сите тие бројат 62 гласа, а за избор на влада потребни се 61 глас.
Тој додаде дека се уште нема комплетна листа со имиња на министри од сите политички партии, но на утрешната седница ќе бидат претставени сите членови на новиот владин кабинет.
Косовските медиуми објавија дека во новата влада на Косово партијата „Српска листа“ ќе има три министерски места.
Ново на Сител
-
Прегласувањето во Охрид тече непречено
-
Мирна атмосфера на денешното прегласување во општините Долнени и Крушево
-
Вработените во Пошта во штрајк од јуни
-
Ацевски: Степенот на имплементација на целите за одржлив развој во националната рамка е задоволителен
-
Семејното насилство во галопирачки пораст
-
Невреме со силен ветар, дожд и град попладнево го зафати кумановскиот регион
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор