Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
Собранието на Косово ниту во 45-тиот обид не успеа да формира комисија за тајно гласање за избор на претседател на парламентот.
Од вкупно 93 присутни пратеници, само 49 гласаа за формирање на комисијата, што не беше доволно за усвојување на предлогот.
Пратеникот на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири, реагираше откако претседавачот Авни Дехари ја повика најголемата опозициска партија да предложи член за комисијата. Пред неговиот микрофон да биде исклучен, Тахири изјави дека ова е 45-ти пат како Дехари „го прекршува Уставот на Косово“.
Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово, Екрем Хусени, му предложи на Дехари да се врати на дневниот ред и да ја почитува одлуката на Уставниот суд, додека пратеничката на Алијансата за иднината на Косово, Тајмe Кадриај, оцени дека „се работи за намерна блокада на седницата“.
По прекинот на седницата, пратениците од трите опозициски партии останаа во собраниската сала во знак на протест, обвинувајќи ја победничката партија дека не ја спроведува пресудата на Уставниот суд.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ