Косовскиот Парламент изгласа недоверба на Владата
Со 78 гласови „за“, 34 „против“ и 3 воздржани, на косовската Влада на премиерот Иса Мустафа и беше изгласана недоверба во парламентот.
Мустафа изјави дека неговата смена е политички памфлет насочен за дестабилизација на Косово, недоверба во институциите и создавање институционален вакуум.
Барањето за гласање недоверба на Владата го поднесоа од Иницијатива за Косово со поддршка на Алијансата за иднина на Косово и Самоопределуавње, како и 12 пратеници од редовите на партиите од власта. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи.
Подносителите на иницијативата ја обвинија владата дека не е во состојба да ги исполни ветувањата од кампањата, не успеале да добијат доверба од јавноста ниту да донесат важни закони.
Официјална Приштина сега е во исчекување на предвремени парламентарни избори.
Косовскиот претседател е должен веднаш по гласањето недоверба да прифати решение за одржување нови избори најдоцна 45 денови по гласањето.
Ново на Сител
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во пешак
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите
-
Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната
-
Европски самит во Лондон посветен на Украина и безбедноста
-
Облачно со дожд, од утре сончево и потопло
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога