Косовскиот државен врв го осуди терористичкиот напад во Виена
– Претседателот на Косово Хашим Тачи, премиерот Авдулах Хоти и шефицата на косовската дипломатија Мелиза Харадинај-Стубла го осудија синоќешниот терористички напад во Виена, во кој имаше загинати и ранети и упатија пораки на солидарност со австриските граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателот Тачи преку својата официјална страница на Твитер го нарече нападот „кукавички“ и порача дека Косово стои покрај народот на Австрија.
– Косово остро го осудува кукавичкиот напад во Виена. Нашите мисли се со семејствата на загинатите и ранетите, а ние стоиме покрај народот на Австрија во овие тешки времиња, напиша Тачи.
Премиерот Хоти порача дека Косово е на страната на „австриските сојузници и меѓународната заедница во борбата против тероризмот“.
– Вестите за трористичкиот напад во Виена, Австрија, се шокантни. Нашите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства. Ние стоиме покрај нашите австриски сојузници и меѓународната заедница во борбата против тероризмот, напиша Хоти.
Преку својата страница на Твитер реагира и министерката за надворешни работи на Косово, Харадинај-Стубла, која оцени дека се работи за „кукавички напад против човештвото и слободата“.
– Косово се солидаризира со Австрија додека ги следиме будно ужасните вести од Виена ноќва. Нашите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства, додека стоиме цврсто обединети против кукавичкиот напад против човештвото и слободата, порача Харадинај-Стубла.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ