Косовски синдикат поднесе кривична пријава против министерот за финансии

Обединетиот синдикат за образование, наука и култура на Косово (СБАШК) денеска поднесе кривична пријава во Основното обвинителство во Приштина против министерот за финансии, Хекуран Мурати, поради неисплаќање на платите за вработените во јавниот сектор кои штрајкуваат, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседателот на СБАШК, Рахман Јашарај изјави за медиумите дека за да ги остварат нивните права синдикатите ќе се обратат и до највисоките правни инстанци. – Ние нема да запреме. Буџетот на Косово е и со наша пот. Ние не му бараме на Мурати својата плата да им ја подели на наставниците, туку народниот буџет да им го подели на луѓето кои му служат на народот, изјави Јашарај. Учебната 2022-23 година во речиси сите училишта во цело Косово денеска не започна поради штрајк на вработените во образованието, кои бараат зголемување на платите.
Министерот Мурати пред неколку дена изјави дека на тие што штрајкуваат ќе им биде одбиено од платите за деновите кои нема да ги сработат. Вчера во медиумите беше објавено дека владата ги исплатила платите на вработените во јавниот сектор, но не и на оние кои штрајкуваат. Првиот синдикалист, Јашарај побара од наставниот кадар да не се повлекува „пред уцените од Владата“ и порача дека штрајкот ќе продолжи до исполнувањето на нивните барања.
– Штрајкот ќе заврши… кога Владата ќе ги исполни нашите барања. Штрајкот ќе заврши, но некој ќе биде посрамотен, а тој е Хекуран Мурати, кој се служи со ниски закани. Ако се предадеме, овие (владата) нема да знаат да запрат со други дејствија, изјави Јашарај.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
