Косовски медиуми: Можно е Харадинај да биде кандидат на опозицијата на вонредните избори во Косово
Косовските медиуми објавија дека Рамуш Харадинај, некогашниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) можно е да биде единствениот кандидат на опозицијата на евентуланите вонредни парламентарни избори во Косово.
Харадинај, лидерот на Алијансата за иднина на Косово, во Колмар ја очекува одлуката на францускиот суд за тоа дали ќе биде ослободен и ќе се врати во Приштина или ќе биде екстрадиран во Србија. Одлуката треба да биде донесена на 27 април.
Србија го обвини Харадинај за извршување на воени злосторства.
- Убеден сум дека во моментов најсериозна кандидатура, најсигурна и најдобра, е понудата на господинот Харадинај, идниот премиер на Косово, изјави лидерот на Иницијатива за Косово Фатмир Лјимај, најавувајќи ја можноста Харадинај да биде единствениот кандидат на косовската опозиција на евентуалните вонредни парламентарни избори во Косово.
Лјимај објасни дека следните две недели се клучни за тоа дали во Косово ќе бидат одржани вонредни избори.
Косовските медиуми јавија дека Инцијатива за Косово наводно уште од утре ќе започне со собирање на потписи за изгласување на недоверба за косовската Влада.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи