Косовски иселеник подигна биста на премиерот Курти во своето село кај Подујево
Биста на актуелниот косовски премиер Албин Курти е откриена денеска во селото Перане, во општина Подујево, во североисточно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Нарачател и финансиер на бистата е косовскиот иселеник Сабахудин Ука, кој живее и работи во Шпанија, а бистата на Курти, во природна големина, на чиј постамент пишува „Албин Курти – последна надеж“, e поставена на влезот во дворот на неговата куќа во родното село.
При денешната инаугурација на споменикот на косовскиот премиер беше организирана и пригодна свеченост, на која присуствуваа жители на селото, кои, како што јавија медиумите, поведоа и оро околу бистата.
Ука, познат во селото со прекарот „Пољак“, изјави за медиумите дека бистата не ја сработил сам, туку ангажирал професионални скулптори, а целата инвестиција го чинела околу 50 илјади евра.
Ново на Сител
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители