Косовската влада на итна седница одлучи за мандтот на ЕУЛЕКС

Косовската влада го процесурира предлогот за продолжување на манадатот на мисијата на ЕУЛЕКС за уште здве години.
Предлогот даден од министерот за правда Хајредин Кучи е прифатен на итната седница одржана доцна поладнево, објави електронското издание на весникот „Експрес“.
Со тоа Владата му отвора пат на косовскиот законодавен дом да свика посебна седница или документот да го стави на дневен ред на веќе закажаната седница за четврток.
За да бидат изгласани уште две години престој на оваа меѓународна мисија потребно е двотретинско мнозинство од пратениците во косовскиот парламент.
Пред седницата на Владата, премиерот Иса Мустафа, попладнето имаше средба со шефот на државата Хашим Тачи и првиот парламентарец, Кадри Весели.
Актуелениот манадат на ЕУЛЕКС завршува вечерва во 24 часот.
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
