-->
-->
Косовската полиција уапси Русин кој илегално влегол од Србија
-->
Полицијата на Косово уапсила вчера во Лепосавиќ, во северно Косово државјанин на Русија, кој влегол во земјата од Србија, преминувајќи ја границата илегално, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека Русинот е уапсен и му е одредена мерка притвор.
– Полицијата за време на патролирањето (во село Зрносек, Лепосавиќ) го запрела осомничениот маж, Русин, кој со неговото возило илегално ја преминал границата од Србија во Република Косово, Истиот е интервјуиран и по налог на надлежен обвинител е уапсен и му е одредена мерка притвор, се вели во полициското соопштение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
