Косовската полиција уапси 15 Срби во Брезовица

Специјалните сили на косовската полиција уапсија денеска 15 Срби, вработени во националниот парк Шара во Брезовица, соопшти директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Џуриќ и објави, дека ќе побара итна вонредна седница на српската влада по тоа прашање, пренесува Танјуг.
Денеска пред пладне вооружена косовска полиција ги уапси сите српски работници во Шара, кои беа таму, вклучително и директорот, изјави Џуриќ на прес-конференција во Брисел.
Групата е пренесена во притвор во градот Урошевац.
Според Џуриќ акцијата е поврзана со планот на Косово да стане член на УНЕСКО и станува збор за обид да се принуди Србија да го признае Косово.
Џуриќ бара вонредна седница на српската влада, на која таа ќе се произнесе јасно како за апсењето на Србите во Брезовица, така и за обидите на Косово да стане член на УНЕСКО.
Ново на Сител
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
-

Штетата од катастрофалните поплави во Непал надминува 2,5 милијарди долари
-

Трамп: Ја спасив Велика Британија од нуклеарен напад со започнувањето на војната со Иран
-

Сончево и топло со температура до 33 степени
