Косовската полиција пронајде 15 кг. експлозив во близина на Газиместан
Косовската полиција вечерва објави дека пронашла 15 килограми експлозив на патот Приштина-Митровица во селото Магзит, во близина на Газиместан, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата за порталот „Газета Експрес“ ја потврдиле полициски извори, наведувајќи дека наскоро ќе бидат објавени детали за случајот.
Станува збор за област северозападно од косовскиот главен град, населена со мнозинско српско население.
Претходно, портпаролот на Министерството за безбедносни сили на Косово (ФСК) Ибрахим Шаља соопшти дека едно лице од српска националност е уапсено на паркингот на тоа Министерство.
Пред тоа, порталот „Калѕо“ објави дека се уапсени две лица во возило со белградски регистерски регистерски таблици.
Шаља изјави дека сепак се работи за едно лице од српска националност и дека најверојатно заскитало на паркингот на Министерството.
Сепак, според него, поради моментните тензични односи меѓу Белград и Приштина, уапсеното лице е предадено на полицијата за натамошна процедура.
Медиумите во Косово и Србија двата случаи ги поврзуваат со утрешното гласање во косовското Собрание за законите со кои практично ќе се втемели војската на Косово.
МИА
Ново на Сител
-
„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва
-
МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството
-
Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Работниците во фабриките на Форд во германскиот град Келн ќе штрајкуваат за прв пат
-
Нетанјаху: Преговорите со Хамас ќе продолжат „под оган“
-
Македонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026
-
Телефонски разговор Зеленски – папата Лав XIV
-
Притвор за албански државјанин, извршил полов напад врз своја сонародничка во Дебар