Косовската полиција од утре ќе казнува возила со српски таблички
Српскиот јавен сервис РТС вечерва објави дека полицијата во Приштина потврдила дека од утре во 08:00 часот ќе почне со казнување на возачи од Косово кои имаат српски регистарски таблички со почетните букви на градовите во Косово, пренесе Бета.
„Спроведувањето на одлуката за изрекување казни согласно важечките закони, според проценката и планот на полицијата, се очекува да почне на 22 ноември во утринската смена”, соопшти косовската полиција.
Некои медиуми на албански јазик објавија, но оваа информација не е потврдена, дека на специјалните полициски единици на Косово им е наредено да се подготват за преселба на север.
Во попладневните часови од базата Белведере на југот на Митровица кон север се забележани движења на специјалните единици во оклопни возила, каде вообичаено се наоѓаат четири бази на мобилните единици на граничната полиција, пренесе Бета.
Командата на мисијата ЕУЛЕКС и КФОР посочуваат дека нивните припадници, иако се присутни на терен, не можат да ја преземат улогата на полицијата и дека тоа не е во нивниот мандат, јави РТС.
Според првичниот план во Приштина, од денеска, 21 ноември, требаше да почне казнување од 150 евра за возачите кои нема да ги пререгистрираат возилата.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
