Косовската полиција нападната со рачна бомба и калашников близу границата со Србија
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничните премини со Србија во северно Косово, се нападнати утрово со огнено оружје, јави дописникот на МИА од Приштина.
На вонредна прес – конференција претпладнево, Свечља рече дека нападот, кој го оквалификува како терористички, бил извршен со рачна бомба и со калашников.
– Утрово околу седум часот и 40 минути се случи напад врз припадници на Полицијата на Косово кои оделе да ја преземат смената на граничните премини. Овој напад, за кој е утврдено дека е извршен со рачна бомба и со пушка АК-40, како терористички чин е изведен со цел да се заплашат полициските службеници, но и сите граѓани на Косово, изјави Свечља.
Тој информира дека последните три дена во таа област се случиле четири напади врз косовската полиција.
– Првиот напад се случи со поставување метални ланци со шилци на националниот пат отприлика во исто време како денеска, со цел да ја оневозможат работата на полицијата на Косово и истовремено директно да ги загрозат нивните животи. Вториот напад е изведен со фрлање камења кон полициско возило. Третиот напад се случи синоќа, кога во близина на полициски пункт кој ги обезбедува пречките на илегалните премини на границата е пукано од огнено оружје. И денеска директно се нападнати две возила кои ги превезувале полициските службеници на граничните премини. Тоа е редовна смена на полицијата, што се врши во осум часот и два од четирите напади се случија токму во тоа време, изјави Свечља.
Тој оцени дека „ангажирањето на интитуциите на Косово за воспоставување ред во секој дел од државата станало пречка за Србија“.
Сепак, рече Свечља, целта на Белград не е да го нападне, туку да го дестабилизира Косово.
– Не се плашиме од никакво сценарио на Србија. Целта на Србија во овој момент не е да го нападне Косово, туку да го дестабилизира, изјави Свечља.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница, се обидел илегално да ја премине границата
-
Приведен 40-годишен маж, возел со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80 км на час
-
Барселона сака да го продолжи договорот со Флик до 2027 година
-
По 14 денови прекината блокадата на РТС
-
Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија
-
Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови
-
Интерпелацијата на министерот Тошковски денеска пред пратениците
-
Масовниот прекин на струја на Пиринејскиот Полуостров предизвикан од дефект во меѓусекторската врска меѓу Франција и Шпанија