Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци
Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за воведување визи за сите државјани на Русија кои на било кој начин сакаат да влезат или да ја користат државата за транзит, јави дописникот на МИА од Приштина.
Премиерот Албин Курти изјави дека руските државјани со редовни, службени и дипломатски пасоши, како и оние кои имаат биометричка дозвола за престој издадена од државите на Шенген-зоната, во иднина се должни да се опремат со косовска виза, било за влез, транзит или престој во Косово.
Претставувајќи го предлогот, кој беше усвоен на денешната владина седница, заменичката мнинистер за надворешни работи, Лиза Гаши нагласи дека мерката што се предлага е на линија на последната одлука на Европската унија во однос на визите за руските државјани.
– Визата е потребна за државјаните на Руската Федерација при влез во Република Косово, без исклучоци. Овој предлог на МНР е во согласност со меѓународните обврски кои ги презеде Косово во кохерентност со последната одлука на ЕУ за укинување на договорот за олеснување на добивање на Шенген-визи за руските државјани, изјави Гаши.
Ново на Сител
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги
-
Кремљ: Колку помалку оружје за Украина – толку поблиску е крајот на војната
-
„Амазон“ го достигна милионитиот робот во своите погони
-
Автомобил се преврте во Бутел, пет лица повредени меѓу нив и двајца малолетници
-
При судар со автомобил тешко повредени 17-годишен возач на мотоцикл и неговиот 16-годишен сопатник
-
Пратеничка добила закани од лице кое било во „мерцедес“
-
Мицкоски: Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка за да знаеме како да ја развиваме државата