Косово: Српските верници не доаѓаат во Ѓаковица за Бадник
Командантот на полицијата во градот Ѓаковица во западно Косово Крист Ѓокај информира дека православните верници Срби, кои се иселени во Србија од таа област, денеска нема да го посетат манастирот во тој град, јави дописникот на МИА од Приштина.
Ѓокај изјави дека властите немаат добиено никакво барање за посета од страна на иселените Срби, кои традиционално на православните празници Бадник и Успение на Пресвета Богородица доаѓаат да ги посетат тамошните верски објекти и своите напуштени имоти.
– Не сме официјално известени дека ќе дојдат и никако нема да дојдат затоа што официјална најава досега нема, изјави Ѓокај на протестот на локалните Албанци пред православната црква во Ѓаковица.
Неколку невладини организации и граѓански здруженија на косовските Албанци организираа утрово во Ѓаковица протест против посетата на иселените Срби, со образложение дека многумина од наводните верници се поранешни припадници на српските полициски и паравоени единици кои извршиле злосторства врз цивилното население во војната во 1998-99 година.
Според Ѓокај, протестот помина без инциденти, а полицијата ги презеде сите потребни мерки за зачувување на јавниот ред и мир и очекува насобраните граѓани набргу да се разотидат.
Ново на Сител
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили
-
Просечната нето плата во март 44.763 денари
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години