Косово со олеснети мерки за справување со Ковид-19, процедури за влез од Македонија

Во Косово од денеска стапува во сила новата, трета, фаза на постепено олеснување на мерките воведени со цел справување со епидемијата на Ковид-19.
Меѓу мерките кои ги објави синоќа косовската Влада во оставка, е отворањето на неколку земски гранични премини, меѓу кои и оној со Северна Македонија кај Генерал Јанковиќ (Блаце), при што се пропишани процедури кои треба да ги испочитуваат лицата кои влегуваат во Косово.
– Се отвораат граничните премини Мердаре, Врмица, Кула, Генерал Јанковиќ, Јариње и Бела Земја. Сите лица кои влегуваат на територијата на Република Косово се обврзуваат да ги извршат прегледите од страна на Главните центри на семејна медицина (ЌКМФ) на граничните премини и да ги спороведат заштитните мерки против Ковид-19. Сите лица кои влегуваат на територијата на Република Косово и поседуваат негативен резултат од тестот на Ковид-19 (не постар од четири дена) не подлегнуваат на процедурата на самоизолација. Тие кои не го поседуваат тестот од претходната точка се задолжуваат да се самоизолираат на седум дена, се вели во синоќешната одлука на Владата во Приштина.
Според истата, предвидено е до 20 јуни да се изврши нова проценка на епидемиолошката ситуација во врска со влегувањето на граѓаните во Косово, а ќе се следи ситуацијата и ќе се оценува можноста за отворање на сите земски гранички премини и на аеродромите, како и за одржување прослави, отворање на бањите, на саеми, базени и ноќни клубови.
Во оваа фаза на олеснување на мерките во Косово ќе се отворат угостителските објекти, кината, театрите и другите културни установи, се отвора градскиот и меѓуградскиот сообраќај и такси службата, факултетите ќе ги одржуваат испитите, а средните училишта ќе ги организираат матурските тестирања. Предвидено е и селективно отворање на спортските активности.
Во сите случаи остануваат во сила одредени ограничувања, пред се обврската за почитување на препораките на здравствените власти, како одржувањето на физичката дистанца и преземањето други заштитни мерки.
Ново на Сител
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
-

Му ветил социјална помош и стан, го измамил за 4.200 евра
-

Три лица од Судан нападнале и ограбиле 27-годишник во Кисела Вода
