Косово со нови мерки за заштита од Ковид-19
Косовскиот министер за здравство Арменд Земај ги соопшти новите мерки за заштита од ширењето на епидемијата на Ковид-19, кои беа усвоени на денешната седница на Владата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Земај информира дека од денеска ќе се затвораат канцелариите во кои има позитивни случаи, додека лицата кои биле во контакт со заразени ќе се самоизолираат на 14 дена.
– Контактите на заразените лица ќе се самоизолираат и ригорозно ќе се почитуваат заштитните мерки на Институтот за јавно здравство на Косово, додека санитарните и општинските инспекции ќе ги санкционираат случаите на непочитување на тие мерки, објави Земај.
Исто така, одлучено е да се редуцира бројот на вработени во администрацијата, се наложува задолжително носење маски и строга контрола на спроведувањето на таа мерка на влезовите во сите институции и од страна на вработените во трговските и угостителските објекти, погребните церемонии да се вршат само во кругот на потесното семејство, дополнителни мерки во старечките домови, формирање локални штабови во општините и слично.
Во Косово, заклучно со последниот официјален извештај, досега се регистрирани 2.878 заразени од новиот коронавирус, од кои починале 51 лице. Активни носители на вирусот се 1.250 лица.
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска