Косово: Ќе се пребројуваат гласовите во 494 избирачки места
Централната изборна Комисија на Косово (ЦИК) одлучи денеска да се повтори броењето на гласовите во 494 избирачки места на кои се гласаше на вонредните парламентарни избори на 14 февруари, јави дописникот на МИА од Приштина.
Портпаролот на ЦИК, Ваљмир Елези изјави за медиумите дека на спорните ибирачки места се забележани разни видови неправилности при евиденцијата на гласовите.
– Според ЦИК, пребројувањето ќе се изврши поради следните причини: погрешно пренесување на гласовите во формуларите на политичките субјекти (35 избирачки места); погрешно пренесување на гласовите во формуларите на кандидатите (6 избирачки места); кандидатот или кандидатите имаат повеќе гласови од политичкиот субјект (370 избирачки места); и политичкиот субјект има добиено гласови, додека кандидатот не и обратно (83 избирачки места), информира Елези.
Косовските граѓани на овие избори гласаа во 888 гласачки центри со 2.382 избирачки места, што значи дека пребројувањето ќе се изврши во околу 2,5 отсто од гласачките места.
Ново на Сител
-
Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра
-
Најчестите причини за често будење навечер
-
Дедо Мразовци со суп даски во Солунскиот залив
-
Чести навики кај жената што вообичаено го нервираат мажот
-
Нова вакцина за ХИВ
-
ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено
-
Во текот на викендот се подигнати 65 кубни метри одложен отпад
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов