Косово годишно од дијаспората добива од 600-700 милиони евра

Дијапората е и ќе остане значајна за економскиот развој на Косово. Таа оценка е дадена на конференцијата одржана во Приштина на тема: „Дијапоспора-инвестиции и вработувања“.
На конференцијата бил изнесен податокот дека годишно косовската дијаспора испраќа од 600 до 700 милиони евра,средства кои како што било нагласено овие средства треба да се насочат во инвестиции во земјата.
Министерката за трговија и индустрија,Хикмете Бајрами, зборувајќи за фискалните реформи изјавила дека има подобрувања на полето на рализација на бизнисот.
И германската амбасадорка во Косово Ангелика Виетс,која учествувала на конференција високо го оценила продонесот на дијаспората за Косово,прогнозирајќи раст на косовската економија до четири насто во наредните две години.
Ново на Сител
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
