Косово блокира милион литри нафта на влез од Албанија
Царинските работници на Косово блокирале 40 цистерни со нафта на влез од Албанија.
Според портпаролот на Царинската управа на Косово, Адриатик Ставилеци, блокирањето е поради сомненија дека количината од милион литри нафта е неквалитетна.
- Извршената анализа во царинската лабораторија, како и во две акредитирани приватни лаборатори во Косово, покажаа дека нафтата не ги исполнува критериумите предвидени во нашата земја, изјави Ставилеци за приштински „Зери“.
По трите извршени анализи, една од трите компании која ја нарачала нафтата „ХИБ Петрол“ инсистирала на друга анализа, по што Царинската управа на Косово испратила мостри од нафтата за анализа во Македонија.
Фадил Бајрами, претседател на здружението на бизниси кои се занимаваат со продажба и увоз на нафтени деривати, тврди дека блокираната нафта е неквалитетна и оти ова не е прв таков случај.
- Ова е уште една потврда дека се увезуваат неквалитетни нафтени деривати, а не дека тие се „расипуваат“ на бензинските пумпи. И оваа количина на нафта беше наменета за косовскиот пазар. Доколку не се контролираше на граница, таа ќе беше дистрибуирана по бензиските пумпи. Потоа кога ќе беа земени мостри на дериватот од пумпите тие ќе беа казнети по најмалку 10 илјади евра за неквалитет без нивна вина, посочува Бајрами.
Тој отркива дека блокираната нафта во Албанија пристигнала од Шпанија. Но, според него не е познато дали низ Албанија минала само транзит или била депозитирана пред да тргне за Косово.
Ново на Сител
-
Најмалку 57 лица починаа во Газа од неисхранетост
-
Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија прогласи победа на парламентарните избори
-
Исплатени 49 658 739 денари поддршка на 761 оризопроизводител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами