Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
Брисел нема да донесе нови позитивни сигнали за Македонија освен барањата за спроведување на уставните измени и почитување на потпишаните договори, вели првиот човек на Институтот за демократија во пресрет на посетата на претседателот на Европскиот совет Кошта утре на Скопје. Смета дека европските институции можат да направат исчекор во однос на македонските интеграции, а разговорите треба да продолжат на објективна основа.
Трошановски смета дека успешен процес на проширување е можен само ако се одвива врз европски стандарди, без билатерални прашања.
Македонската влада утре ќе го пречека Кошта со старите ставови за уставните измени. Без да изнесат очекувања од средбата изразуваат надеж дека повеќе ќе се зборува за решенија отколку за проблеми.
На покана на Кошта, Мицкоски ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде е предвидена вечера за лидерите на Западен Балкан, а в петок ќе имаат состанок на Евроспката политичка заедница.
Турнејата низ регионот Кошта ја стартуваше со средби во Белград и Сараево, а денеска е во Подгорица и Приштина.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар