-->
-->
Кошаркарите се плашат за здравјето не сакаат да ја доиграат Евролигата
-->

Станува се поизвесно дека нема да има доигрување на кошаркарската Евролига откако капитените на сите 18 клуба учесници гласале против доигрување на сезоната 2019/20. Играчите се загрижени за здравјето во услови кога пандемијата со Ковид-19 стивнува, но не е искоренета докрај, а велат и дека се плашат од повреди поради краткото време за подготовки.
Евролигата беше прекината на почетокот на март по одиграни 28 кола, односно на шест рунди до крајот на регуларниот дел. Потоа требаше да се игра и плејоф за титулата, но сега целиот проект виси.
Сепак последниот збор ќе го имаат челниците на најсилната клупска лига во Европа по состанокот најавен за во понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
