Кошарка
19. August 2015 - 9:01

Кошаркарите на Австралија на ЛОИ во Рио

Кошаркарската репрезентација на Австралија успеа да избори место на ЛОИ во Рио откако во двомечот со Нов Зеланд беше поуспешна. Популарните „кенгури“ победија и во реваншот со 89:79  (напрвиот дуел беше +12 за Австралија).
Најдобар поединец на реваншот беше Делаведова со 14 поени, а искусниот Андерсон уфрли 11, а „дабл дабл“ имаше Ендрју Богут 10 поени и 10 скокови.
 
За селекцијата на Нов Зеленад останува уште една шанса за настап на ЛОИ и тоа преку настап на квалификациите.