Кошарка
27. August 2020 - 8:58

Кошаркарите ги бојкотираа трите натпревари од НБА што требаше да се одиграат ноќеска

Не се одиграа трите натпревари закажани за ноќеска во рамките на првото коло од плејофот во НБА лигата. Причината е бојкот на кошаркарите поради инцидентот со пукањето на полицијата во Висконсин во лице со темна боја на кожата.

Најпрво тимот на Милвоки го бојкотираше мечот со Орландо (3-1 во серијата), а потоа тоа го направија и играчите на Хјустон и Оклахома (2-2), како и на Лејкерс со Портланд (3-1).

Тие решија да не излезат на подот во знак на протест против расизмот.

Сезоната 2019/20 во НБА лигата продолжи во Орландо откако беше суспендирана во март поради пандемијата.