Македонија
6. July 2021 - 20:21

Корупцијата е сериозен проблем

Затворени јавни институции без интегритет каде граѓаните тешко можат да завршат работа, политичкото влијание, отсуството на правда како и недостатокот на реформи се проблемите кои и стојат на патот на земјава во спроведувањето на антикорупциското законодавство.

Но главната кочница во борбата против корупцијата, според експертите е што лицата кои се  на раководни позиции во институциите, се поставуваат следејќи го партискиот интерес и непотизмот, а не професионалните квалификации.

Дека постои селективна правда во земјава признаат судиите. Дополнително реагираат дека казните  не допираат ниту до надлежните, ниту до граѓаните.А како пример ја посочија неодамнешната пресуда за фалсификување на пасоши.

За да нема вакви но и други злоупотреби, експертите  реагираат дека се неопходни дополнителни обуки но и подобри услови за полициските службеници.

Дел од учесниците за да  посочат колку е сериозен проблемот со корупцијата во земјава, се осврнаа и на  извештајот на Транспаренси интернејшнал  кој беше објавен пред 5 месеци, а според која Македонија се најде на 111 место, најлошо до сега рангирана.