Коронавирусот ја одлага годишната сесија на кинескиот Парламент

Висок законодавен орган на кинескиот Парламент на 24 февруари ќе се состане и ќе го разгледа предлогот за одложување на клучната годишна сесија на Општокинеското собрание на народните претставници (парламентот), што почнува во март, пренесе Ксинхуа.
Предлогот за одложување е поврзан со епидемијата од коронавирусот, посочува Ксинхуа.
Целта на ваквата идеја е да се гарантира натамошното неширење на COVID-19.
Кинеските власти јавија дека експертската делегација на Светската здравствена организација, која веќе пристигна во Пекинг, исто така, ќе ги посети провинциите Гуандонг и Сечуан.
Портпаролот на кинеската Национална здравствена комисија сите детали поврзани со посетата на експертите на двете провинции ги соопшти на денешниот брифинг за медиумите.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
