Коронавирусот ги исполни капацитетите на струмичката болница, директорот бара дополнителен персонал
Зголемениот број на заразени од Ковид-19 целосно ги исполни сместувачките капацитети во струмичката болница, дури и тие кои беа дополнително отворени, информира директорот д-р Наќе Гогов.
Покрај Инфективното одделение, кое е веќе полно и таму се лекуваат 15 пациенти со полесна клиничка слика, пополнет и дополнителниот од 13 кревети кој беше отворен во поранашените хируршки амбуланти.
-Планираме да ги прошириме капацитетите со поставување на уште шест-седум кревети во другите амбуланти, кои се веднаш до хируршките. Но, засега најголем проблем ни е персоналот и тоа како лекари, така и сестри. Ги немаме доволно за да ја покриваат работата во овој оддел на Инфективното одделение, вели директорот Гогов.
Тој вчера побарал помош од заменик-министерот за здравство за обезбедување персонал за да се пополнат празните места за да може да се лекуваат ковид-пациентите.
-Со постојниот персонал повеќе не можеме и неиздржливо е да се постигне потребниот обем на работа. Веќе од среда очекувам да ни биде испратен дополнителен персонал за да може да се покрие и новиот простор што треба да се отвори за сместување на пациенти, додаде директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.
Инаку, проблемот добива уште повеќе на тежина, бидејќи двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација.
Ново на Сител
-

Економски мерки, работата на новиот државен јавен обвинител и корупцијата во фокус на пратеничките прашања
-

Неопходни се нови мерки за справување со кризата, велат експертите
-

ДУИ бара бадентер во Уставен – за Гаши тоа не е табу тема
-

Кујната во РЕК Битола затворена – Над сто работници со симптоми на труење со храна
-

Заловени македонски бикови кои влегле во Бугарија
-

Од утре започнува целосна реконструкција на Платежната агенција – вработените таму треба да се преселат до крајот на годината
-

Минчев од Брисел: Работиме на реформите за ЕУ, но и на заштита на македонскиот идентитет
-

Меланија Трамп се прошета со хуманоиден робот
