Корона вирусот се појавил во Европа многу порано од што официјално е објавено
Дали новиот коронавирус се појавил пред тоа што се мисли и како да се докаже тоа, прашува авторот на анализата што денеска ја објави Би-би-си.
Во едне хонгконгшки весник се појави текст со дотогаш не објавени официјални податоци според кои, првите случаи во Вухан, каде започна пандемијата на коронавирусот, можеби се појавиле уште на 17 ноември, а не во декември, како што кинеските власти претходно тврдеа.
Што се однесува до Велика Британија, првите случаи се потврдени на 31 јануари, кога двајца Кинези, кои од странство пристигнале во Јорк, биле позитивни на ковид-19, а првиот случај на трансмисија на територијата на Британија е забележан на 28 февруари.
Но, многумина во таа земја се сомневаат во официјалната верзија на временскиот тек на настаните, а писателката Кетрин Мајер верува дека е можно дека нејзиниот покоен сопруг, Енди Гил, гитарист на бендот „Генг оф фор“, е една од првите жртви на ковид-19 во Велика Британија. Враќајќи се од турнеја по Кина, ноември минатата година, Гил се разболел следниот месец, имајќи бројни симптоми на ковид-19, а починал на 1 февруари. Неговите лекари се сомневале дека се работи за можност дека тој бил заразен со новиот коронавирус, но временската рамка не им делувала веројатна.
Потоа, се појавиле тврдења дека тој вирус на европската територија бил веќе во декември, а една париска болница повторно тестирала примероци на пациент заболен од воспаление на белите дробови, за кого така било утврдено дека всушност го имал тој вирус.
Сега знаеме дека вирусот овде бил и подолго време, со новите вируси секогаш е така пред да ги откриете“ рекол еден експерт.
Иако се воспоставило дека кај 1,5 отсто од дарителите на крв во Британија постоеле антитела на ковид-19 уште од март, што секако укажува на можноста вирусот да стигнал порано од тоа што се мислело, без повторни анализи на брисеви или примероци на крв или ткива тоа не е можно да се утврди со точност, заклучува авторот на анализата.
Ново на Сител
-
Две лица од Струга приведени поради обид за убиство на 52-годишник
-
Сончеви денови пред нас, но со посвежи утра
-
130 грама кокаин пронајдени во дом на 60-годишник во Тетово, уапсени две лица | ФОТО
-
Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
-
Алиу: Комисијата ги анализира случаите на кардиохирургија, извештајот ќе биде јавно објавен
-
На ГП Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана
-
Совети за пријатни, а штедливи излети, патувања и авантури
-
Како Месечината ѝ се доближува и се оддалечува од Земјата?