Користењето на платежни картички бележи раст и во третиот квартал од 2022 година
Граѓаните се повеќе ги користат платежните картички за купување. Податоците на Народната банка за третиот квартал од 2022 година покажуваат раст кај вредноста и кај бројот на остварени трансакции за 14,9 и за 8,5 проценти.
– Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, кој произлегува пред сѐ од повисокиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (10,1 процент), иако послаб, продолжува и во третиот квартал од 2022 година, а продолжува и годишниот раст на бројот на плаќањата на физичките места на продажба (8,3 проценти). Кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери во истиот период е забележан годишен пад на бројот на плаќања за 8,6 проценти, при раст на вредноста од 5,6 проценти, соопштија денеска од Народната банка.
Промената на навиките кај граѓаните во прилог на електронското банкарство се забележува и во тоа што во третиот квартал има раст од 5,2 проценти кај бројот на електронски плаќања, а годишен пад од 12,5 проценти кај трансакциите извршени на шалтер.
При електронските плаќања најчесто граѓаните ги користат мобилните апликации (54,7 проценти).
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
