Бизнис
28. October 2016 - 19:36

Коридорот 10 догодина ќе биде по сите светски стандарди

Реализирани се 80 проценти од обновата на автопатот Смоквица - Гевгелија. Од делницата во должина од 10 километри асфалтирани се седум километри, изградени се три моста и се работи на градбата на уште еден, информираше министерот Мисјаловски кој направи увид на терен.

- Во исто време се работи и на автопатот од Демир Капија до Смоквица кој исто така ќе биде готов следната година. Веќе се започнати подготвителни работи за реконструкција на осум километри делницата од Демир Капија до Неготино. Компанијата набрзо ќе започне и со градежните работи. Моментно се работи и на рехабилитација на автопатот од Куманово до Скопје, така што следната година очекувам да имаме модерна по сите светски стандарди автопатска делница на Коридорот 10. Само на Коридор 10 инвестираме преку 230 милиони евра за подобрување на сообраќајот, изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт.

Инвестицијата во реконструкцијата на оваа автопатска делница вреди 4,2 милиони евра и е дел од инфраструктурните проекти вредни над милијарда евра. Министерот посочи дека доста се обновени над 1300 километри од патната мрежа на земјата.

- Со обновата на делницата Смоквица Гевгелија ќе се овозможи брзина до 120 километри на час.  Со средства од ИПА, како што информира, се работи на уште еден проект на оваа делница и ќе биде поставена комплетна нова сигнализација и за клучките Гевгелија и Демир Капија., рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов.

Реконструкцијата на делницата е од големо значење за економскиот развој на Гевгелија и локалната власт очекува да привлече нови инвеститорти во општината.