Свет
27. April 2016 - 8:36

Корејската работничка партија ќе одржи конгрес на 6 мај, прв по 36 години

Седмиот конгрес на Корејската работничка партија ќе се одржи во Пјонгјанг на 6 мај, објави севернокорејската информативна агенција КЦТА, повикувајќи се на одлука на Политбирото на Централниот комитет на партијата.

Тоа ќе биде првиот конгрес на Корејската работничка партија во последните 36 години, јави ТАСС.

Дневниот ред на форумот не се прецизира. Експерти претпоставуваат дека делегатите ќе го насочат вниманието на мерките за зацврстување на одбранбената способност на земјата и решавањето на економските проблеми во услови на меѓународни санкции против Пјонгјанг, во одговор на ракетно-нуклеарната програма.