Кореа останува во кома, но покажува знаци на подобрување
Пилотот во Формула 2, Хуан Мануел Кореа, останува во вештачка кома во болница во Лондон, но неговите витални знаци покажуваат подобрување, откриле родителите на Американецот со еквадорски корени.
– Инфекциите на Хуан Мануел се под контрола, а респираторните индикатори остануваат стабилни. Сите витални знаци се исто така стабилни. Лекарите продолжуваат да ги следат отворените рани и уште еднаш потврдуваат дека добиените повреди се многу тешки. Нови операции ќе се изврши откако белите дробови на Хуан Мануел тоа ќе го дозволат, соопшти семејството на Кореа во петокот вечерта.
Пилотот претрпел четиричасовна операција на нозете во белгискиот град Лиеж во близина на „Спа“. Меѓутоа, кога бил пренесен во Лондон, имал потешкотии при дишењето, што довело до негово ставање во кома.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата