Корчок и Пелегрини во вториот круг од претседателските избори во Словачка
– На претседателските избори во Словачка ќе има втор круг гласање откако врз основа на 99,93 отсто од преброените гласови поранешниот министер за надворешни работи, Иван Корчок (59), освои 42,48 отсто од гласовите, а поранешниот премиер Петер Пелегрини (48), 37,05 отсто од гласовите, јави ДПА.
Пелегрини, поранешен член на владејачката партија на Фицо- СМЕР, а сега лидер на нејзиниот помал коалициски партнер ХЛАС (Гласот на Социјалдемократијата), се сметаше за фаворит да ја замени сегашната претседателка Зузана Чапутова.
На трето место е поранешниот претседател на Уставниот суд на Словачка, Штефан Харабин (66), кој освои 11,74 отсто од гласовите, потоа Кристијан Форо (2,91 отсто), Игор Матовиќ (2,18 отсто), Јан Кубиш (2,03 отсто ) , Патрик Дубовски (0,71 отсто), Маријан Котлеба (0,56 отсто) и Милан Нахлик (0,13 отсто), објави Словачкиот завод за статистика, пренесува агенцијата ТАСР.
Околу 4,4 милиони Словаци вчера беа повикани да изберат нов шеф на државата, иако се предвидуваше втор круг пред изборите во длабоко поделената земја, пренесе ДПА.
Конечниот резултат од гласањето се очекува да биде објавен денеска попладне од Државната комисија за избор и надзор на финансирањето на политичките партии. Меѓу деветте кандидати немаше ниту една жена.
Актуелната претседателка, Зузана Чапутова, не се кандидираше за втор петгодишен мандат и покрај нејзината континуирана популарност.
Според анкетите пред изборите, социјалдемократот Пелегрини, кој е дел од владината коалиција, и либералниот поранешен министер за надворешни работи, Корчок, беа двата очигледни фаворити.
Корчок ветува дека ќе биде противтежа на левичарската националистичка влада на премиерот Роберт Фицо.
Според официјалните податоци, излезноста на претседателските избори во Словачка достигна 51,89 отсто.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам