Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули

Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени на европската програма „Коперник“.
Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година.
Мерењата покажаа и дека температурите се намалувале од запад кон источна Европа и Скандинавија, каде што било значително постудено.
Гледано на ниво на цела Европа, јули бил 11-ти најтопол во историјата, со просечна температура од 20,49 степени.
На глобално ниво, минатиот месец бил втор најтопол јули досега, исто како и јули 2024 година, со просечна температура од 16,9 степени, односно 1,47 степени над прединдустрискиот просек за јули. Рекордот и натаму го држи јули 2023 година, со просечна температура од 16,95 степени.
Западна Европа од крајот на пролетта помина низ невообичаено долг период на високи температури, со четири топлотни бранови од крајот на мај.
Податоците на „Коперник“ датираат од 1950 година, а за некои мерења и од претходни периоди.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
