-->
-->
Копа дел Реј: Атлетико победи во Памплона
-->

Успешен настап имаа тимовите кои гостуваа во првите осминафинални натпревари во Купот на Кралот. Победи запишаа Атлетико Мадрид, Еибар и Селта, а Алавес остана непоразен во Ла Коруња.
Атлетико гостуваше на Канарските острови и славеше над Лас Палмас 2:0. Коке во првото и Гризман во второто полувреме ја обезбедија победата за „јорганџиите“.
Еибар, во Памплона, ја декласира Осасуна со 3:0 со головите на Нано, Бебе и Адријан, а Селата на „Местаља“ во Вавленсија ја прегази домашната екипа за само 20 минути.
Аспас, Бонгонда и Вас постигнаа три гола во почетните 20 минути со што практично го решија победникот. Валенсија намали преку Дани Парехо во 58.минута, а конечните 1:4 ги постави Гвидети.
Алавес во Ла Коруња по првиот дел водеше 2:0 со головите на Сантос и Мендес, но во вториот дел Ла Коруња избори реми 2:2 преку Гама и Хосел.
Во среда на програмата се три натпртевари, од 19 часот ќе играат Алкоркон-Кордоба и Реал Сосиедад-Виљареал, а од 21:15 часот е дербито помеѓу Реал Мадрид и Севилја. Последниот меч ќе се одигра в четврток, во Билбао, Атлетик ќе ја пречека Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
