Фудбал
22. February 2016 - 12:38

Копа Америка: Мексико и Уругвај во иста група

САД од 3. до 26.јуни, ќе биде домаќин на Копа Америка, со кое ова натпреварување ќе ја прослави 100-годишнината. Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот, во Њујорк беа извлечени групите  за Копа Америка.
 
Прв пат на Копа Америка ќе учествуваат 16 репрезентации, тие се поделени во четири групи, а пласман во наредната рунда ќе изборат по две најдобри селекции од секоја група.
 
Група А: САД, Парагвај, Костарика, Колумбија
 
Група Б: Бразил, Перу, Хаити, Еквадор
 
Група Ц. Мексико, Венецуела, Јамајка, Уругвај
 
Група Д: Аргентина, Боливија, Панама, Чиле
 
Титулата на првенството во САД ќе ја брани репрезентацијата на Чиле, која лани во финалето, по подоброто изведување на пенали славеше над Аргентина.