-->
-->
Копа Америка: Аргентина моќна-ги прегази САД!
-->
Фудбалската репрезентација на Аргентина ќе игра во финалето на Копа Америка Сентенарио, откако во првото полуфинале ја декласира репрезентацијата домаќин, САД со 4-0.
Аргентинците предводени од Лионел Меси и Гонзало Игуаин немаа никакви проблеми за да го прегазата домаќинот на јубилејното 100-то издание на Копа Америка.
Серијата на голови ја отвори Лавеци по само 180 секунди игра, а половина час подоцна Меси зголеми на 2-0. Најдобриот играч во светот со овој гол стана најдобриот стрелец во историјата на националниот тим, тој со 55 гол за Аргентина на вечната листа зад себе го остави Габриел Батистута.
Судбината на Американците ја запечатати Игуаин со головите кои ги постигна во 50-та и 86-та минута.
Аргентина во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат бранителот на титулата Чиле и Колумбија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски