Координација во Собранието за верификацијата на новите пратеници

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека од денешната координативна средба во Парламентот зависи кога ќе се одржи следната седница на која една од главните точки би била верификација на мандатите на новите пратеници на местото од новоизбраните градоначалници.
Во однос на можните промени во парламентарниот состав, Џафери посочи дека не е негова работа да коментира околу тоа, туку е работа на политичките партии, а тој како претседател на Собрание ќе ги спроведува парламентарните процедури.
Во однос на вчерашниот втор круг од локалните избори тој ја повтори оцената дека за мирен изборен процес што било желба на сите институции, политички партии и граѓаните, дека биле спроведени избори со европски стандарди за што им честита на граѓаните и на сите избрани градоначалници и советници. Џафери посака тие да работат во интерес на граѓаните на исполнување на предизборните ветувања.
Пратеничката група на СДСМ ќе претрпи персонални промени откако градоначалници станаа на Скопје Петре Шилегов, на Карпош Стефан Богоев, на Шуто Оризари Курто Дудуш, на Куманово Максим Димитриевски, на Гевгелија Сашко Поцков, на Струмица Коста Јаневски и на Штип Благој Бочварски. Нивните пратенички места се очекува да ги заземат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов и Костадин Ацевски.
На местото на Билал Касами од БЕСА, доаѓа Неџбедин Каремани. Оставка поднесе и Бардуљ Даути од ДПА,а следна на листата на ДПА во ИЕ 6 од каде доаѓа тој е Мерал Узаири Ферати.
Ново на Сител
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
-

Македонското пиво годинава со двојно поголем извоз од увозот - најмногу се пие во Косово и Албанија
-

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
-

„Бела ноќ 2026“ во Скопје - концерти, изложби, перформанси, настапи на диџеи и програма за најмладите
