-->
-->
Kонзумирањето масно сирење би можело да биде клуч за среќен живот
-->

Секојдневното конзумирање масно сирење би можело да биде клуч за среќен живот, покажало најновото научно истражување.
Научниците од Универзитетот во Копенхаген утврдиле дека конзумирањето сирење е добро за здраво срце.
Во студијата долга 12 недели, во која учествувале 139 лица, третина од испитаниците секој ден конзумирале по 80 грама стандардно, масно сирење, другa третина конзумирале по 80 грама обезмастено сирење.
Контролната група наместо сирење јадела 90 грама леб со џем.
Резултатите покажале дека кај групата која конзумирала масно сирење не смо што не дошло до промена во нивото на холестеролот, обемот на струк и крвниот притисок, туку нивното оптшо здравје било подобрено.
Иако нивото на холестеролот кај испитаниците од сите групи останало исто во просек, кај лицата кои конзумирале масно сирење забележан е пораст на нивото на „добар“ холестерол.
Едно независно јапонско истражување покажало дека конзумирањето сирење спречува таложење на масти во црниот дроб, додека други укажале на тоа дека би можело да придонесе во подобро спиење, подобро расположение, па дури и полесно слабеење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
