Контролори во автобус претепаа дете затоа што немало билет!
Контролори во автобус во Србија нападнале еден патник кој немал билет. Според коментарите на социјалните мрежи, момчето било малолетно и се враќало од училиште, а контролорите ги пречекориле овластувањата.
Едниот од контролорите го турка и стиска момчето, во обид да го собори, додека другиот ги спречува луѓето во автобусот да ги раздвојат. Двајцата контролори го вадат момчето надвор и го тепаат.
По здобиените удари, момчето се грчи и се обидува да се извлече и избега, но се онесвестува.
Претходно од компанијата „Апекс" известија дека при инцидент во автобус, повредени се двајца контролори. Едниот од нив се здобил со скршени прсти, а другиот бил удрен по окото. По објавувањето на видеата на социјалните мрежи од компанијата известија дека контролорот е суспендиран, се додека не се разчисти случајот.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека