-->
-->
Контролни натпревари на македонските кадетки против Израел, Бугарија и Косово
-->
Женската кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија по пријателскиот двомеч викендот против Бугарија, почнувајќи од утре ја очекуваат нови контролни натпревари.
Според распоредот Македонија во пресрет на Европското првенство (Дивизија Б) до 16 години кое во периодот од 17-26 август ќе се одигра во нашата престолнина Скопје, ја очекуваат уште четири средби.
Утре (20 јуни) младите македонски кошаркарки ќе заминат за Косово каде ќе одиграат пријателски натпревар, последен за нив кој ќе биде одигран на гостински терен во рамки на подготвителниот период. Натпреварот ќе започне во 17 часот.
По завршување на овој дуел кадетките ќе се вратат в Скопје каде во наредните денови ќе ги пречекаат селекциите на Израел и на Бугарија. Против Израел предвидени се два натпревара (21 и 22), а против Бугарија на 24 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода
-
Дел од Карпош без вода, намален притисок во Трнодол, Жданец и Нерези
-
Мицкоски на увид на градежни активности на автопатот Кичево - Охрид
-
Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
САД привремено укинуваат некои санкции кон Русија пред состанокот во Алјаска
-
Зеленски ќе се сретне со Стармер
-
ЦУК: Активни два пожара, три под контрола
-
На ГП „Табановце“ се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата