Контрола од можни шумски пожари во Скопје

Екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ наредните неколку дена ќе вршат контрола на јавните површини ако превентивна мерка за заштита од шумски пожари. Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра.
- Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, во согласност со мерките и надлежностите за одржување и заштита на градското и вонградското зеленило ќе преземаат мерки и активности за превентивно дејствување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во текот на наредните топли денови, се вели во соопштението од Град Скопје.
Од Град Скопје потсетуваат дека поради високите температури, согласно Одлуката за воведеното ограничување за движење на лица во шумите и во шумските појаси, донесена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во наредниот период се забранува палење оган на отворени места, како превентивна мерка за заштита од шумски пожари.
Ново на Сител
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
