Континуирана достава на огревно дрво од ПЕ Голак Делчево
Од ЈП Македонски шуми, ПЕ „Голак“ Делчево досега се дистрибуирани 40 отсто од количните огревно дрво до граѓаните. Како што истакна Јордан Димитровски, директор на ПЕ „Голак“ Делчево, испораката на огревно дрво засега се одвива континуирано и без проблеми.
- Сите склучени договори се реализираат од наша страна. Граѓаните кои извршуле уплата за порачаните количини согласно со договорите, веќе ги добиваат количините огревно дрво. Ова се однесува и за физичките лица и за правните лица, како и за синдикатите. Согласно со договорите до стартот на сезоната, треба да испорачаме околу 5 илјади метри кубни огревно дрво, рече Димитровски.
Тој додаде дека и во текот на летниот период се врши склучување договори за огревно дрво, така што и оваа година ПЕ очекува производство и дистрибуција на над 8 илјади метри кубни. Димитровски апелираше до граѓаните и за внимателно движење низ шумите, посебно да не се пали оган на отворено.
-Ја користам оваа прилика да апелирам до граѓаните да внимаваат со фрлање отпушоци, да не палат оган на отворено, бидејќи високите температури можат да бидат опасни по шумите. Во таа насока ќе биде и забраната за движење во шумите која секоја година претставува една од мерките за заштита од шумски пожари, рече Димитровски.
На територијата на Пијанец под шума има 30 илјади хектари од кои над 20 илјади хектари е шума со загрозеност од прв степен. За последнава година и половина, на територијата на Делчево и Македонска Каменица од шумските пожари направена е штета од 120 милиони денари, а на оваа територија имало 46 пожари на отворено, од кои само во април и март годинава 28.
Ново на Сител
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката