Конститутивната собраниска седница продолжува по едночасовна пауза
Пратениците во македонското Собрание денеска ја продолжија конститутивната седница на која се расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На денешното 17-тото продолжение, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оценија дека дебатата во законодавниот дом е повеќе од потребна, иако како што посочија, ги обвинуваат дека ја опструираат работата на Собранието. Според нив, граѓаните се изманипулирани од страна на СДСМ со постизборната тиранска платформа. Во фокусот на денешната дебата беше и изјавата на дебарскиот градоначалник Ружди Лата, која, како што забележаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, е последица на она што го направиле СДСМ со тиранската платформа.
- Очекував дека и албанските политички партии ќе ја осудат изјавата на градоначалникот на Дебар која не води кон унапредување на соживотот во Македонија, рече Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ.
Нејзиниот сопартиец Крсто Муковски смета дека лидерите на политичките партии треба да седнат на заедничка маса и да најдат компромис за суштинските прашања.
- Со секој ден што одминува ќе трпиме последици и дополнителна несигурност на граѓаните, несреќни или фрустрирачки изјави од одредени политичари кои се несериозни како онаа што ја имавме од дебарскиот градоначалник. Сето ова ќе води кон дополнително разнебитување на Република Македонија. Оттука упатувам апел за разум и за лидерска средба на која сите лидери со својата одговорност ќе седнат на маса и ќе одлучат за доброто на Република Македонија и на граѓаните, истакна Мукоски.
Од СДСМ, пак, сметаат дека не се почитува собранискиот Деловник и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневен ред.
Павле Богоевски во процедурална забелешка повторно забележа дека не се почитува Деловникот на Собранието и пратениците не говорат за точката на дневен ред. Тој посочи дека во овој момент државата е блокирана и оти наскоро и локалните власти нема да можат да ги извршуваат функциите со што целата држава ќе биде доведена во ситуација ништо да не функционира.
- Промена на името по грчки терк нема, двојазичност нема, федерализација нема, промена на знамето, химната и грбот нема, и нема да има и нови предвремени парламентарни избори организирани од оваа влада, рече Богоевски.
На тоа реагираше Антонио Милошоски, кој рече дека Македонија три години е блокирана од предизвикана криза, а според Влатко Ѓорчев, направен е директен обид од страна на Богоевски да се ускрати правото од член 29 од Деловникот со кој пратеникот има право и должност да учествува во работата и одлучувањето.
Ново на Сител
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците