Конститутивна седница на новоизбраниот сириски Парламент

Сирискиот Парламент ја одржа денеска првaта седница по изборите во април, кои се одржаа само на териториите, под контрола на Владаtа, јави ДПА.
Парламентот е составен од пратеници лојални на режимот на Башар ал Асад и е бојкотиран од опозициските сили.
Пратениците еден по еден положија заклетва како претставници на народот во зградата на Парламентот во центарот на Дамаск. Потоа гласаа за претседател на Парламентот и прв пат во неговата историја на функцијата беше избрана жена, пратеничката Хадија Халаф Абас.
Владејачката партија БААС има мнозинство во Парламентот од 1970 година, кога таткото на сегашниот претседател Башар ал Асад, Хафез Асад ја презеде власта со воен удар.
Сириската опозиција и нејзините надворешни поддржувачи го означија како провокација одржувањето на изборите во април.
Во меѓувреме ТАСС јави дека во терористички напад во Дамаск бил убиен првиот човек на обезбедувањето на првата дама на Сирија, Асма Асад.
Алја Махлоф загина во саботата, откако неговото возило било кренато во воздух од бомба, која била поставена во него. ТАСС јави дека Маклоф бил претставник на еден од највлијателните и најбогатите алавитски кланови во Сирија, кон кои припаѓа и семејството на претседателот.
Ново на Сител
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Претседателски избори во Бугарија, 6,59 милиони граѓани со право на глас, фаворити Јотова и Ѓуров
-

И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Србија и Бугарија
-

Цените на горивата со нов рекорд - по какви цени ќе се точи од утре?
-

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница
